Унгарија сака да ја напушти ЕУ?
Објавено во: Свет 14 Декември, 2019
Шпекулациите дека сакаме да ја напуштиме ЕУ се „обични глупости“, тврдат унгарските власти.
Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, одговори на шпекулациите на одредени извори дека по Велика Британија, токму Унгарија би можела да биде следната земја која ќе сака да излезе од Европската Унија.
Сирјарто вели дека таквите шпекулации се „обична глупост“, како и дека Унгарија е посветена на создавање на силна Европска Унија.
Данската инвестициска банка „Саксо Банк“ објави анализа и прогноза за 2020 година, а во еден дел се наведува дека „15-годишниот брак меѓу Унгарија и ЕУ е во проблеми“. Ова тврдење се базира на активацијата на Членот 7 од Лисабонскиот договор против Унгарија поради политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан – станува збор за политиките, како што стои во анализата, „кои не се во согласност со вредностите на ЕУ“.