29 Ноември, 2024
0.0281

Унгарија се ослободи од ММФ – ќе ги отплати преостанатите 2,2 милијарди евра

Објавено во: Свет 10 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Унгарија наскоро ќе биде затворена. Агенцијата за управување со кредитниот долг во оваа земја во понеделник ќе го отплати преостанатиот дел од долгот кон ММФ и побара по отплатата да се затвори канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Будимпешта. По консултација со ММФ, Агенцијата ќе ги отплати преостанатите 2,2 милијарди евра од долгот во три валути, долари, фунти и евра. За исплатата на долгот нема да се собираат дополнителни девизни средства, бидејќи приходот од продажбата на февруарските унгарски евро-обврзници бил доволен за отплата на долгот. Унгарија својата намера за предвремена отплата на долгот и што побрзо да се ослободи од ММФ ја соопшти уште во јуни. Тогаш претседателот на Унгарската централна банка, Гиорги Матолчи, поранешен министер за економија во Владата на премиерот Виктор Орбан, побара од ММФ да си оди од земјата. Во писмото испратено до директорката на Меѓународниот фонд, Кристин Лагард, Матолчи му заблагодари на Фондот за помошта на Унгарија, кога земјата беше на работ на банкрот. Долгот регуларно требаше да биде отплатен до 2014 година. Унгарија за време на мандатот на социјалистичката влада во 2008 година зеде кредитна линија од ММФ во висина од 20 милијарди евра, а актуелната влада на премиерот Виктор Орбан во 2010 година одлучи да не го продолжува договорот за соработка, со што би ја одбегнала контролата од оваа финансиска институција. Унгарските власти ќе ја продолжат соработката со ММФ, а Будимпешта ќе остане членка на фондот и ќе се одржуваат редовните билатерални консултации, додека затворањето на канцеларијата е одраз на моменталниот став на Владата кон меѓународната финансиска институција. Економистот на банката ИНГ, Андраш Балатони, истакна дека затворањето на канцеларијата нема да има влијание врз пазарите, туку е порака за гласачите за унгарски избори, што ќе се одржат наредната година. Унгарија е првата европска земја која побара помош од ММФ, по падот на американската инвестициска банка Леман брадерс и на почетокот на глобалната финансиска криза. Во април ММФ ја затвори својата канцеларија во Латвија, откако земјата го отплати долгот за заем од 2008 година. ММФ во јули ја затвори својата канцеларија во Исланд. Во оваа земја канцеларијата на ММФ беше отворена во март 2009 година, откако земјата ја прифати поддршката од Фондот за обнова на економијата по финансискиот колапс во крајот на 2008 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИЗРАЕЛ ЌЕ НЕ ОСТАВИ НА МИРА“ – ОД БЕЈРУТ ЗА ФАКТОР НОВИНАРКАТА РИМ ХАНИ: На разорениот Либан ќе му требаат 3 милијарди долари за обнова

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИЗРАЕЛ ЌЕ НЕ ОСТАВИ НА МИРА“ – ОД БЕЈРУТ ЗА ФАКТОР НОВИНАРКАТА РИМ ХАНИ: На разорениот Либан ќе му требаат 3 милијарди долари за обнова

Грузија го замрзна зачленувањето во ЕУ

Грузија го замрзна зачленувањето во ЕУ

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ИЗВИНИ НА МЕРКЕЛ: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ИЗВИНИ НА МЕРКЕЛ: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Загинаа неколку луѓе

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Загинаа неколку луѓе

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне