УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ИМ ПОРАЧА НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Бидете реални, некои земји нема да можат да ја преживеат зимата без руски гас
Објавено во: Свет 24 Септември, 2022
Унгарија има доволно резерви на гас во своите магацини пред зимата благодарение на испораките од Руската Федерација, но многу други европски земји нема да можат да ја преживеат зимата без руско гориво, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Во интервју за РИА Новости, тој рече дека не може да зборува во име на други земји, но дека Унгарија нема да може да се справи со зимата ако испораките на руски гас престанат.
Тој ги повика колегите во Европа, како што рече, „да бидат реални“ бидејќи проблемите во енергетскиот сектор не се од политичка, идеолошка или фиктивна природа.
– Тоа се реални проблеми и мораме сериозно да ги сфатиме – нагласи Сијарто.