24 Април, 2024
0.0306

УНИ Банка успешно ја држи пазарната позиција! Растат приходите од провизии и вложувања во обврзници

Објавено во: Финансии 31 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Намалените нето приходи од камати се компензирани со зголемените приходи од провизии и со продажба на запленет имот. Во фокус на менаџментот беа одржување на пазарната позиција во кредитирање во комбинација со голем раст на вложувања во државни обврзници кои носат сигурни и безризични приноси

УНИ Банка успеа да ја одржи својата пазарна позиција во првата половина годинава, што е солиден резултат во најконкурентната група на средни банки како и во неизвесните услови на глобално стопанисување во пост ковид периодот. Според официјалните податоци од билансот на успех менаџментот на банката во овој период се концентрирал на одржување на нивото на кредитирање и на депозитната база, а намалувањето на нето приходите од камати во целост го покрил со растот на нето приходите од провизии и надоместоци како и со продажба на запленет имот (т.е. останатие приходи од дејноста).

Очекувано, со падот на каматните стапки и интензитетот на кредитирање, банката остварила помали нето приходи од камати во споредба со првото полугодие лани. Тие за периодот јануари – јуни изнесуваат 6,5 милиони евра и се за 489.000 евра пониски во споредба со истиот период лани. Во овој период банката остварила одличен раст на нето приходите од провизии и надоместоци. Тие се поголеми за 461.000 евра односно 37 отсто повеќе од истиот период лани кога изнесувале 1,71 милиони евра.

Останатите приходи од дејноста бележат најсилен релативен раст. Банката во првите шест месеци годинава од продажба на имот земен во обезбедување кредити наплатила 718.000 евра што е за 4 пати повеќе во однос на истиот период лани.

На расходната страна најголема ставка, како и кај сите банки, се резервациите за ризични пласмани. Тие се за 806.000 евра поголеми од истиот период во 2020 година и сега изнесуваат 2,4 милиони евра.

Токму заради растот на резервациите нето добивката на УНИ Банка е 1,75 милиони евра што е за 18 отсто помалку од истиот период лани.

Значајно за истакнување, од расположливите податоци во билансот на состојба, е тоа што банката била фокусирана на одржување на кредитното ниво со изразен раст на вложувањата во државни обврзници. Така за шест месеци нивото на кредити останало речиси идентично како на крај на 2020 година и на крај на јуни изнесува 270,4 милиони евра. За сметка на тоа менаџментот слободните средства ги вложувал во државни обврзници. На 30 јуни вредноста на тие вложувања е зголемена за 3,2 пати и изнесува 7,16 милиони евра. Депозитите на крај на јуни се на ниво од 314,1 милиони евра што е речиси идентично како и на крај на 2020 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА