25 Април, 2024
0.0285

УНИБАНКА ИЗДАВА ДОМАШНИ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ - КУПУВАМ ДОМАШНО ОД 29ти ЈУНИ

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

УНИБанка АД Скопје е една од деветте банки преку кои се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и на домашната економија.

Во интерес на граѓаните УНИБанка ги изработи сите картички кои од понеделник 29ти jуни ќе може да се подигнат од деловната мрежа на банката. Картичките ќе бидат распределени по клиенти според податокот за адреса на живеење доставен од страна на Владата на РСМ.

Клиентите од скопскиот регион, банката ги подели по експозитури според првата буква од името на корисникот, додека клиентите кои според податокот за адреса на живеењесе од внатрешноста на републиката се поделени по експозитури на банката во соодветниот град или доколку нема експозитура на УНИБанка, во најблиската според адресата на живеење.

Дополнително корисниците за кои Банката располага со податок за мобилен телефонски број ќе добијат СМС порака со информација за експозитурата во која треба да ја подигнат својата картичка.

Воедно сакаме да ги информираме граѓаните дека со Уредбата на владата на Р. Северна Македонија средствата на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат до 15ти август 2020 година за купување на македонски производи.

УНИБанка како општествено одговорна компанија ја поддржува оваа иницијатива на Владата, а за граѓаните и компаниите во изминатиот перод банката презема значаjни активности со цел да одговори на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и да го олесни справувањето со последиците од неа.

Банката апелира до своите клиенти во овој период да ги извршуваат сите банкарски трансакции преку нивното електронско банкарство. Превземањето на бесплатнитемобилни апликации My Unibank и UNI Token е брзо и едноставно на мобилен телефон или таблет, а со тоа иматедостапност до сите банкарски услуги и производи од секаде и во секое време.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка и останатите новости и актуелни понуди, граѓаните можат да jа посетат веб страната на банката:  www.unibank.mk, да се обратат на e-mail: info@unibank.com.mk или директно да ја контактираат Банката на телефонските броеви:02/ 3 111 111 и 02/ 3286 100. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка