28 Март, 2024
0.0245

УНИБанка ќе исплати полугодишна камата за перпетуалните обврзници

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9 отсто на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници, на 22 јануари годинава. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2022 година. Инаку УНИБанка ја издаде првата емисија на перпетуалните обврзници во јануари 2019 година, со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна, 9 проценти  за првите пет години и се зголемува на 11 проценти по завршување на овој период. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот паза

„Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Јануари ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Јануари 2022 година, соодветно  и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата, стои во објавата на банката за исплатата на полугодишната камата.

Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза. 

УНИБанка беше лидер во издавањето на ваков тип обврзници. Станува збор за хибриден финансиски инструмент со специфични карактеристики, кој тогаш беше новина на домашниот пазар на хартии од вредност и во македонскиот финансиски систем воопшто. Издадени беа вкупно 5.000 вакви хартии од вредност од кои секоја има номинална вредност од 1.000 евра или вкупно вредноста на обврзниците е пет милиони евра. 

„Главен мотив на инвеститорите секако беше високата каматна стапка и приносот кој го носат обврзниците. Треба да напоменеме дека оваа инвестиција не е депозит или класична должничка хартија од вредност за кои вообичаено банките плаќаат пониски каматни стапки. Светска пракса е хибридните инструменти да се со повисока каматна стапка и поголем принос што е случај и со перпеталната обврзница, која како што се гледа од карактеристиките си има свои предности но и одредено прифатливо ниво на ризик за инвеститорите. Вреднувањето на секундарниот пазар – Македонската берза покажа дека овој инструмент е атрактивен за инвеститорите, кои платија цена со премија над номиналната вредност и дава можност на инвеститорите да можат доколку одлучат да ги продадат по фер цена, изјави тогаш Ѕвонко Станковски, директор на Дирекцијата Трежри во УНИБанка.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“