19 Април, 2024
0.0285

„УНИБанка” одбележа 15 години во Прилеп

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

„УНИБанка” прослави 15-годишнина на својата експозитура во Прилеп со елегантен коктел во ресторан „Кристал Палас”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот.


“Еве како изминаа 15 години од кога првиот клиент на експозитура Прилеп го пречекори прагот на банката. Денес се радувам да видам дека јубилејот на нашата експозитура е и јубилеј на нашите клиенти и партнери. Заедно поминавме долг пат и со времето докажавме дека “УНИБанка” е симбол на висок професионализам, лојалност и партнерство. Им благодарам на сите наши клиенти за довербата низ годините, како и на вработените во експозитура Прилеп кои што секојдневно бескомпромисно ги оддржуваат високите стандарти на “УНИБанка” - изјави раководителот на експозитура Прилеп, Кире Стевановски, по време на настанот.

Специјално за јубилејот, на прославата присуствуваа г-дин Делчо Крстев, член на УО и извршен директор на „УНИБанка”, г-ѓа Милка Тодорова, претседател на УО и извршен директор на „УНИБанка” и г-дин Иво Зимоски, директор на дирекцијата „Мрежа на експозитури“. Заедно со раководителот на експозитурата Прилеп , тие ја пресекоа тортата по повод јубилејот.


Елегантниот коктел продолжи со музичките изведби на Теди и Рубин и прекрасен огномет кој што го обои небото над градот.


До денес, мрежата на експозитури на банката во земјата брои 30 експозитури. Во регионот на Прилеп „УНИБанка” е веќе сигурен партнер на близу 12.000 клиенти. Експозитурата управува со кредитно портфолио од 11 милиони евра и депозитно портфолио од 9,5 милиони евра. Главните дејности, за кои Банката обезбедува финансирање, се фокусираат на инвестициите во градежништвото, производството, трговијата, услугите, угостителството. Со ова, финансиската институција придонесува за развојот на бизнис климата во регионот и за реализација на нови проекти, со што директно и индиректно влијае врз стапката на вработеност преку обезбедување многу работни места.



Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ