18 Април, 2024
0.0263

УНИБанка со квартална добивка: Задржана пазарната позиција во кредитирањето

Објавено во: Економија 04 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Нето приходите од провизии и надоместоци зголемени за 27 отсто, банката ја задржа пазарната позиција во кредитирањето, нето приходите од камати се 3,2 милиони евра намалени за 11 отсто

УНИБанка за првите три месеци годинава оствари добивка од 596.000 евра, покажуваат официјалните резултати достапни на СЕИ НЕТ информативниот систем. Тоа е сосема пристоен финансиски резултат, постигнат во услови на здравствена пандемија, иако има намалување на добивката во споредба со истиот период и тоа за околу 200.000 евра.

Нето приходите од камати и понатаму остануваат да бидат најголема приходна ставка, по која следат приходите од надоместоци и провизии. Од нето приходи од камати за првите три месеци годинава оваа банка има реализација од 3,2 милиони евра, а во споредба со истиот период има намалување од 11 отсто. Во значајна мерка ова е компензирано со солидниот раст на нето приходите од провизии и надоместоци. Тие за три месеци изнесуваат 867.000 евра и тоа е за 27 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Во првите три месеци банката од нето приходи од курсни разлики оствари 110.000 евра, а од останати приходи од дејноста реализира 124.000 евра.

Достапните податоци покажуваат дека во овој период главно негативно влијание врз намалување на добивката има нивното на резервирани средства. Тие за периодот јануари – март годинава изнесуваат 1,3 милиони евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 353.000 евра.

Што се однесува до другите трошочни ставки за истакнување е тоа што банката значајно ги намалила трошоците за вработените, речиси за 500.000 евра за три месеци во споредба со истиот период лани кога изнесувале 1,67 милиони евра. Кај другите групи расходи ставки не се видливи значајни поместувања во споредба со првото тромесечје лани.

Кај билансот на состојба се гледа дека за три месеци нивото на кредитни пласмани е 269 милиони евра што е незначително помалку во однос на крајот на 2020 година. Има многу мало зголемување во вложувањата во државни хартии од вредност кои пак се многу мала ставка во споредба со кредитите.

Кај депозитите видливо е зголемување на базата за над 4 милиони евра до износ од 319,2 милиони евра на крај на март годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи