29 Март, 2024
0.0259

Уникатен настан за љубителите на филмот: A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува уникатниот настан за сите љубители на филмот – А1 Drive-in кино, со богата филмска понуда што на сите посетители ќе им овозможи оригинално доживување. Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенцијаќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.

На седумдневниот репертоар на А1 Drive-in киното ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, а официјалното отворање на 29 септември во 21 часот ќе започне со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). Паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција. Влезниците се бесплатни, со претходна резервација преку веб страницата www.karti.com.mk.

„Инспирирани токму од нашите корисници и од желбата за безбедна социјализација во време на пандемија, креиравме настан што ќе овозможи уште поголема содржина и повеќе забава за сите, но истовремено ќе понуди и ново, уникатно искуство за сите љубители на седмата уметност. A1 Drive-in киното е организирано согласно сите протоколи за одржување настани на отворено и на сите посетители им посакуваме да уживаат во седумдневните проекции“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Во деновите што ќе следуваат, A1 Drive-in киното ќе понуди уште 6 кино проекции на врвни филмски наслови, односно по еден на вечер, и тоа „Вистина“ (The Truth, 2019), „Уште една тура“ (Another Round, 2020), „Пинокио“ (Pinocchio, 2019), „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy, 2019), „Проксима“ (Proxima, 2019) и популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019), кој е предвиден за затворањето на настанот на 5 октомври.

Резервација на влезниците треба да се направи најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата и потребно е при влегувањетотаа да се покаже на мобилниот телефон или во отпечатена форма. Влезот за сите денови е од 19:30 до 20:30 часот, а, пак, проекциите започнуваат во 21 часот.

Со цел поголема достапност на проекциите за колку што е можно поголем број посетители, бројот на резервации по проекција е ограничен. Притоа, едно лице може да изврши една резервација што важи за едновозило. А, пак, согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, посетителите во возилото треба да носат заштитни маски доколку не се членови на исто семејство.

Со оглед на условите што ги нуди просторот, влезот за A1 Drive-in киното ќе биде овозможен само за автомобили, а не за комбиња, мотори и велосипеди, и тие ќе се распоредуваат на паркингот според времето на пристигнување.

A1 Македонија апелира за задолжително почитување на мерките за заштита и превенција од КОВИД-19.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија