20 Април, 2024
0.0259

Универзитетската клиника за хируршки болести му се заблагодарува на Анѓушев за донацијата

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје  со ново настанатата состојба со КОВИД- 19, а со цел транспарентно и отчетно работење во периодот на вонредна состојба ја информира јавноста дека е потврдена донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од  одделот за абдоменална хирургија, кој веднаш ќе биде ставено во функција за зголемување на капацитетот на клиниката и нејзино ефективно работење, соопшти д-р Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Станува збор за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен.

„Упатувам благодарност за надчовечките напори до колегите кои се справуваат со пандемијата. Во исто време сакам да се заблагодарам и за потврдената донација со која ќе се опреми еден од трите ката кои воопшто немаат опрема. Веруваме дека ќе има и останати лица и компании што ќе се во можност во овие тешки времиња да помогнат со заеднички сили да се избориме против коронавирусот и  сите да излеземе победници.“  изјави д-р Љубен Арсенков директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ ќе ја информира јавноста за сите донации кои ќе бидат обезбедени со кои би се  зголемил капацитетот на клиниката.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга