Уапсени момчиња кои фрлале киселина врз луѓе во Лондон
Објавено во: Свет 15 Јули, 2017
Во Лондон денеска се уапсени двајца тинејџери осомничени дека фрлиле киселина во лицето на повеќе луѓе.
Тие на мопеди, ноќта меѓу четвртокот и петокот, извршија напади во Ислингтон, Хакни и Стоук Њуингтон. Во двата случаи тинејџерите мопедите ги украле од нивните жртви.
Еден очевидец изјави дека ја слушнал жртвата на еден таков напад, кој веројатно работел на испораки, како вреска, а втората жртва доживеа “повреди со трајни последици”. Полицијата испитува дали украдениот мопед е мотив за нападите.
Од 2010 година регистрирани се над 1.800 напади во Лондон во кои биле користени запаливи и други течности, поради што полицијата најави засилена контрола за нивната употреба.