Упорните преговори носат резултат: Што вели Курц за договорот Скопје-Атина?
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2018
Австрискиот канцелар уште еднаш ја дава поддршката на Македонија за постигнатиот договор со Грција кој става крај на деценискиот спор со името.
За Себастијан Курц оние кои се упорни во преговорите, дипломатијата носи резултат.
Коментирајќи го договорот за грчки „Катимерини“ Курц вели дека за Австрија, регионот на Западен Балкан е основен приоритет во нашата надворешна и европска политика, но и на нашето претседателство со ЕУ.
„Ја поддржуваме линијата на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Обезбедувањето чесен и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им служи на нашите интереси на безбедносно, политичко и економско ниво“, посочува канцеларот кој пак посочува дека ЕУ веднаш треба да ги запре преговорите со Турција.