20 Април, 2024
0.0280

УРБАНАТА МАФИЈА УДРИ ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ? Непознати сторители го обиле неговиот автомобил

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Вчеравечер, Градоначалникот на Општина Кисела Вода, на својот Фејсбук профил, објави фотографија на која се гледа искршен прозорец од неговиот автомобил и нагласи дека зад нападот стои урбаната мафија со која тој се справува.

„ Вечерва, „непознати сторители“ го обија мојот автомобил нанесувајќи материјална штета.

Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени.) Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни. Намерата им е да ме „поздрават“ , затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните.

Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот. 

Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!

На сите треба да им е јасно, никој нема да ме „заплаши“ или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, напиша тој во својот статус. 

Постот целосно може да го погледнете овде

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители