20 Април, 2024
0.0265

Урбаната приказна „Ефектот на среќа“ го отвори „Cinedays“

“Човекот успеа да се качи на месечината, но сè уште не научи како да биде среќен”

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Играниот филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect) на режисерот Борјан Зафировски вчера ја имаше својатапрва проекција во преполната сала во кино „Милениум“на отворањето на филмскиот фестивал „Cinedays“. Остварувањето обработува приказна за една млада девојка која се обидува да ја декодира формулата на среќа и ја истражува моќта на позитивното размислување. Главните улоги ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска.

- „Ефектот на среќа“ е естетски бунт против депресивната балканска кинематографија на која сме навикнати и која ја конзумираме секојдневно со децении. Овој пат решивме категорично да одбиеме да ја „продаваме“ бедата на земјава и да се фокусираме на позитивните естетски елементи. Македонија, за жал, според индексот на среќа се наоѓа на претпоследно место во Европа. Среќата полека ни станува нешто далечно. Токму затоа „Ефектот на среќа“ се обидува да ја обработи моќта на позитивното размислување и како тоа е поврзано со среќата. – вели режисерот Зафировски.

Сценариото е на режисерот Зафировски во соработка со драматург и писател Дејан Дуковски. Филмот е во продукција на „Ново Македонско Видео", а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.   

- Чест ни е што имавме можност овој филм да го претставиме пред домашната публика, а веќе во план е и да „патува“ на европски и на други фестивали. Филмот е социјална, животна приказна за драма која ја доживува една млада девојка која се соочува со терминална болест и што може таа да направи во периодот што ѝ останал и како да ја најде среќата. Се работи за современ, модерен филм и горди сме дека успеавме да направиме една убава, урбана приказна која и покрај сè е позитивна. Некако на Балканот влеговме во едно клише на трауматски, депресивни, поствоени, постсоцијалистички филмови и мислам дека ние сме поразлични и отскокнуваме од тоа клише – изјави продуцентот Сашо Пешев.

Покрај главните актери Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска останатите улоги во „Ефектот на среќа“ ги толкуваат: Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. 

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција