Уриваат рекорди и допрва ќе „процветаат“
Објавено во: Економија 18 Март, 2018
Економијата во Австрија динамично напредува и оваа година ќе имаат поголем раст од очекуваното.
Економскиот институт Wifo прогнозира раст од 3.2 проценти, а IHS 2.8 проценти реален раст.
Поради брзиот раст ќе се намали невработеноста, а така се очекува да биде и следната година.
Лани невработеноста се намали на 8.5 проценти, а за оваа година се очекува да се сведе на 7.7 проценти.
Во 2019 година би требало невработеноста да изнесува 7.3 проценти.
Растот е поттикнат од инвестиции и потрошувачката на домаќинствата.