19 Април, 2024
0.0296

Урко: Сите ВИП-возила беа расипани, затоа го купивме мерцедесот

Објавено во: Македонија 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Дејан Митревски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски денеска се појави да сведочи на судскиот процес „Тенк“ што го покрена СЈО за набавката на блиндираниот мерцедес, одговорајќи дека скапиот автомобил морал да биде купен, бидејќи како што вели тој, сите други ВИП-возила биле расипани.

- Го носевме на сервис кога тогашниот премиер беше на пат со авион. Кога ќе се јавеше поголем дефект земавме на користење од другите ВИП личности, дали од претседателот на Собранието, од претседателот на државата, министерката за внатрешни работи. Но, и тие возила беа проблематични и не беа безбедни Свесен за тоа, уште кога Груевски стана премиер од првиот ден јас инсистирав за набавка на ново возило. Тоа инсистирање потраја шест- седум години. На секое мое убедување за ново возило, добивав одговор од претседателот на владата дека не ни треба, имаме возила, ќе позајмиме од другите ВИП личности. Јас пробав да му објаснам дека и тие се расипани, изјави Митревски.

Тој рече дека советувал да се набави ново возило поради проблемите што ги имале старото блиндирано возило и воопшто со застарениот возен парк. 

„Со оглед дека седам напред во возилото и гледам напред имавме проблем со шофершајбната која почна да ни прави диоптрија, после возење на возилото имавме проблеми со главата, бидејќи гледаме низ шофершајбната. Кога се јавивме во фабриката да прашаме од таму ни одговорија дека тие возила се исфрлени од употреба и можно е од диоптријата што ни ја прави шофершајбната да го расипеме видот, бидејќи јас бев на контрола и ми беше оштетен видот“, наведе Митревски. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?