УШТЕ ДЕНЕСКА: Погледнете дали УЈП ви пресметала точен данок
Објавено во: Економија 31 Мај, 2020
Само уште денеска, граѓаните имаат рок да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат до 31 мај, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.
„На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, соопштија претходно од Управата за јавни приходи.
Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по сонов на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Тоа може да се стори на системот е-Персонален данок.