Уште еден инцидент со автобус на Дурмо турс?
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019
Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар, но нема повредени, објави Сител. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштат автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото. Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот.