Уште еден обвинител од СЈО продолжува со својот предмет
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019
Стевче Донев ќе продолжува да го застапува предметот „Триста“, односно истиот кој му беше доделен од СЈО а сега од редовното Јавно обвинителство, објави Фокус. Со тоа продолжува низата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги овластува обвинителите кои ги воделе случаите на СЈО, иако мандатот на специјалното обвинителство заврши.
Донев ќе биде застапник на утрешнотозакажано рочиште во кое обвинет е Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР., за набавка на 300 возила со произволно доделување на тендерот на економските оператори.
Инаку „Монструм“ продолжуваат да го водат Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додекаЛенче Ристоска е делегирана за случајот „Талир 2“.