Уште еден Русин загина под мистериозни околности
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2022
Уште еден Русин загина под сомнителни околности. Станува збор за милијардерот Вјачеслав Таран, кој се збогати со криптовалути, а загина откако неговиот хеликоптер се урна кај Монако при добри временски услови.
Хеликоптерот на 53 годишниот Таран се урнал близу ресортот Вилфранш-сур-Мер откако полетал од Лозана. Покрај него, загинал и 35-годишниот пилот. Јавниот обвинител на Ница не ја исклучи можноста дека е вмешана трета страна, особено што на летот наводно требало да има уште едно лице, кое се откажало во последен момент. Таран е коосновач на трговско-инвестициската платформа „Либертекс“ и во последните десет години живеел во Монако. Украинската новинска агенција УНИАН објави дека Таран бил поврзан со Руската странска разузнавачка служба и дека преку своите операции со криптовалути перел пари од руски фондови. Досега повеќе Руси имаа сомнителна смрт, од олигарси, до воени лица задолжени за мобилизација на војници во Украина.
Рускиот воен началник Вадим Бојко, кој одигра клучна улога во војната во Украина, месецов е пронајден мртов во неговата канцеларија.
Фото: Либертекс