Уште еден сосед се вооружува
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2019
Парламентот во Бугарија го одобри планот на Владата да ги започне преговорите со САД за купување на осум нови борбени авиони Ф-16 кои би ги замениле застарените советски авиони МиГ-29 и би ја подобриле усогласеноста со НАТО стандардите.
Околу 130 пратеници гласаа за планот на централно-десничарската влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, додека 84 беа против, обвинувајќи ја владата за кршење на правилата за тендер.
Министерот за одбрана, Красимир Каракачанов кој призна дека американската понуда го надминува буџетот за речиси 175 милиони долари, рече дека преговорите ќе траат околу четири месеци, а прв состанок би требало да се одржи во февруари во Брисел.
Договорот за авионите Ф-16В Блок 70 на Локхид Мартин, ќе биде во вредност од околу 1,05 милијарди долари, што ќе биде најголема воена набавка на Бугарија од падот на комунизмот пред 30 години.
Другите конкуренти биле шведските авиони Грипен на компанијата Сааб и италијанските користени ловци Еурофајтер.