УШТЕ ЕДНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО МАГАЦИН ЗА ОРУЖЈЕ: Најмалку девет луѓе се повредени
Објавено во: Свет 09 Август, 2019
Нова експлозија имаше во магацин за оружје во Сибир.
Најмалку девет луѓе се повредени при новата експлозија во магацин за муниција во рускиот сибирски регион Краснојарск, каде што минатата недела исто така од експлозија загина едно лице, а десетина беа повредени. Агенцијата ТАСС ја цитира руската служба за вонредни ситуации од каде што рекле дека по експлозијата започнал пожар чие гасење е во тек. Жителите на селото Каменка се евакуирани на безбедна дистанца. По експлозијата минатата недела Истражниот комитет на Русија покрена истрага за „прекршување на прописите за справување со оружје и предмети што можат да предизвикаат опасност за луѓето“.
Пред четири дена поради експлозија во военото депо во Ачинск беа евакуирани илјадници луѓе, а едно лице загина, а 13 се повредени.
фото АП