УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА САКА ВО НАТО: Почнаа да се вооружуваат, ги чека најголемиот тест досега
Објавено во: Свет 17 Мај, 2022
Статусот на неутралност на Швајцарија може да биде ставен на најголемиот тест
во последните неколку децении. Министерството за одбрана на Швајцарија се приближувакон западните сили како одговор на
руската инвазија на Украина.
Швајцарското Министерство за одбрана составува извештај за безбедносните опции кои вклучуваат заеднички воени вежби со членките на НАТО и испорака на муниција, изјави за Ројтерс Паелви Пули, шеф за безбедносна политика во швајцарското Министерство за одбрана.
Деталите за кои се разговараше во швајцарската влада не се објавени. „Може да има промени во начинот на кој се толкува неутралноста“, рече Пули во интервју минатата недела.
Министерката за одбрана Виола Амхерд, која е на пат за Вашингтон, изјави дека Швајцарија треба поблиску да соработува со воената алијанса предводена од САД, но не и да ѝ се придружи, пренесоа швајцарските медиуми.
Се разговараше за идејата за полноправно членство во НАТО, но додека Шведска и Финска, земји кои исто така имаат историја на неутралност, се на работ на приклучување, Пула рече дека извештајот веројатно нема да препорача преземање на тој чекор. Извештајот треба да биде завршен до крајот на септември, кога ќе биде разгледан од швајцарската влада.
Министерството за одбрана ќе придонесе и за поширока студија што ја подготвува МНР. Проектот ќе ги разгледува усвојувањето санкции, извозот на оружје, муницијата и односите со НАТО од перспектива на неутралност, соопшти МНР.
Швајцарија веќе има одредени врски со НАТО, минатата година реши да ги купи најмодерните повеќенаменски американски борбени авиони од петтата генерација на Lockheed Martin F-35A, кои се купени или веќе користени од некои членки на НАТО. „Швајцарија не може да се приклучи на ниту еден сојуз поради неутралност. Но, можеме да работиме заедно и системите што ги купуваме се добра основа за тоа“, изјави министерката Амхерд за швајцарскиот јавен сервис.
ФОТО: EPA/LAURENT GILLIERON