25 Април, 2024
0.0346

УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА НА БИЗНИСОТ ИЛИ РЕАЛНА ПОТРЕБА - која е вистината за качениот праг на 3.000 евра

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Не е дека не држат аргументите на министерката за финансии Нина Ангеловска дека нискиот праг за плаќање во кеш од само 500 евра носел ризик наместо да ја намали, дополнително да ја разгори сивата економија. Таа вчера рече дека законските измени со кои лимитот се крена на шест пати повисоко ниво, 3.000 евра, се предложени од група пратеници, а не од нејзиното министерство. Но, во нејзината изјава немаше воопшто осуда за пратеничкиот потег, туку напротив, првата финансиерка го бранеше, не само со опасноста нискиот праг да го зголеми неформалното работење, туку и со примери од други држави каде тој бил далеку повисок или воопшто не постоел.

А кога власта била прашана да даде мислење за пратеничките намери, таа, како што вели министерката, укажала дека треба да се преиспита висината од 3.000 евра. 

Сепак, Владата го послушала и мислењето на коморите, кои уште кога се воведе лимитот од 500 евра, негодуваа против ова решение.

„Многу претставници од коморите истакнаа дека прагот е превисок и може дополнително да ја разгори сивата окономија, затоа што ако некое лице сака да купи одредено добро, доколку продавачот го одбие, многу често ризикува да го изгуби клиентот, па можеби прават активности кои не ги сакаме како земја и како министерство за финансии“, објасни министерката.

Но зошто тогаш лимитот толку драстично се намалу за кус период, од 15 илјади евра, на само 500 евра во јуни минатата година. Еден од главните мотиви тогаш беше борбата против сивата економија. Се поставува прашањето како по само шест месеци од примената се покажа дека нискиот лимит е толку штетен за граѓаните и за деловните луѓе. 

Станува ли збор за уште една победа на бизнисот во заштита на нивните интереси, откако тоа се случи и со замрзнувањето на прогресивниот данок, исто така по кус период на негов практична примена. Или, пак, во предизборието мора да се биде флексибилен кон одредени категории, како што е бизнис заедницата.

Додека нискиот лимит беше на сила, особено гласни беа реакциите од Стопанската комора на Северозападна Македонија. Исто така, се уште многу од граѓаните во земјава, и натаму преферираат плаќање во готовина.

Претходниците на министерката Ангеловска во чии мандат се донесоа мерките кои сега трпат брзи промени, реагираа дека потегот е лицемерен, и значи уште едно попуштање кон бизнисмените.

„Министерката, која вели дека се залага за намалување на сивата економија, сега практично им излезе во пресрет на барањата на бизнисмените. Мерката за ограничувањата на плаќањата во кеш беше најзначајна мерка за борба против сивата економија, а сега таа се ревидира од страна на министерката“, изјави за Фактор Бранимир Јовановиќ, кој своевремено го советуваше поранешниот министер Драган Тевдовски.

А, Ангеловска, пак, и покрај зголемувањето на прагот, токму намалувањето на готовината и стимулирањето на дигиталните плаќања, ги најавува како најнова стратегија на министерството за 2020.

Инаку, на 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ