УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Анѓушев очекува со новите работни места да се намали емиграцијата
Објавено во: Економија 23 Мај, 2019
Странска
инвестиција од Германија ќе започне со работа во државата. Денес во Владата беше потпишан договор за
закуп помеѓу Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони и компанијата „Герешајмер“од Германија.
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и заменик претседателот за операции глобални и набавки на компанијата „Герешајмер“ Оливер Бургел, и други претставници на компанијата присуствуваа на конференцијата со која официјaлно започна работата на германската компанија во земјава.
Премиерот Заев, пред присутните истакна дека оваа странска инвестиција е една од двете инвестиции кои биле договорени непосредно по потпишувањето на протоколот на земјава за членство во НАТО.
Вицепремерот Анѓушев пак, смета дека оваа странска инвестиција ќе помогне во намалувањето на бројот на млади кои се иселуват од земјава, бидејќи како што истакна тој на ваков тип компанија и се потреби млади образовни кадри.
„„Герешајмер“ е светски позната компанија која произведува медицински помагала, софистицирани технолошки високо развиени амбалажи и компоненти за медицинската индустрија. Точно такви компании се потребни во земјава, компании кои можат да обезбедат работа за младите луѓе во нашата држава со високо образование, компании кои можат да обезбедат пристоен живот, за да нашите млади луѓе не си одат од државата и наместо деца од земјава да извезуваме производи“ истакна Анѓушев.
Тој исто така посочи дека, станува збор за странска компанија која има отворено 50 фабрики во 15 држави на четири континента која има вработено 10.000 граѓани.
Ова странска инвестиција според планираното во земјава треба да вработи 400 лица.