Уште едно стравично сведоштво на преживеан патник: Се траеше неколку секунди!
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Еден патник кој е повреден во синоќешното превртување на автобусот на автопатот Скопје-Тетово раскажал во неколку зборови на што последно се сеќава за трагедијата која во смрт однесе 14 луѓе.
-Искрено да ви кажам, се многу брзо се случи. Возачот изгуби контрола над автобусот и се превртевме. Не знам во што удри. Се траеше само неколку секунди-сведочи патникот.
Тој за телевизија Клан објасни дека автобусот бил полн и дека тоа е најфрекфентната линија бидејќи во тоа време луѓето кои работат во Скопје се враќаат дома.
Во несреќата загинаа 14 луѓе. Шестмина на скопските клиники се борат за живот.
Меѓу повредените е и трудница која е во стабилна состојба.
Поради повредените знамињата се спуштени на половина копје.
Foto: Printscreen Facebook/ Klan Macedonia Television