24 Април, 2024
0.0296

Уште нема решение за „паушалите“ од 1.000 денари за парно

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Се уште се работи на подзаконските акти, односно на правилникот со кој ќе се регулираат „паушалите“ кои им одземаат по околу 1.000 денари на исклучените граѓани од системот на парно-греење иако не добиваат таква услуга.

Организацијата „Но пасаран“ и снабдувачите со топлинска енергија се уште бараат заеднички јазик, потврдија од Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот на комисијата, Марко Бислимовски, напомена дека при посетите што ги направиле регулаторите, покажале дека дел од граѓаните биле во право кога бараат да не плаќаат парно, бидејќи воопшто не добивале топлинска енергија.

Иако нова регулација за исклучените од системот најави и централната власт, по повеќе од година и пол нема решение за овој проблем, а Бислимовски се надева дека овој проблем ќе биде регулиран од средината на февруари.

Денеска потврди дека корисниците кои редовно ги плаќаат сметките за парно нема да бидат оштетени со новите правила за снабдување. 

- Корисниците кои редовно ги плаќаат своите сметки на ниту еден начин нема да бидат оштетени со новите правила за снабдување со електрина енергија, бидејќи не е фер коректните потрошувачи да го поднесат товарот за оние кои што биле исклучени од системот. Како и да решиме за исклучените потрошувачи, тоа нема да биде на товар на останатите потрошувачи, потенцира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Околу 12.000 домаќинства во Македонија, особено во Скопје, се исклучени од системот, но мора да плаќаат паушал кој се движи околу 1.000 денари во зависност од големината на површината на станот.



Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава