25 Април, 2024
0.0920

УШТЕ НЕОТВОРЕНИ, УГОСТИТЕЛИТЕ СЕ ЖАЛАТ - протоколите се строги и работењето нема да се исплати

Објавено во: Економија 25 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Уште не се знае кога угостителските објекти ќе очнат со работа. Тоа, според информациите, треба да го одлучи Владата на својата наредна седница, која се очекува да се одржи во текот на утрешниот ден. 

Но, и пред да почнат со работа, голем дел од угостителите се незадоволни. 

Мартин Ангеловски од Угостителската комора при сојузот на стопански комори за Фактор вели дека онака како што сега налагаат протоколите на Комисијата за заразни болести, угостителите на стартот ќе почнат да работат со загуби. Односно, ќе нема никаква економска исплатливост да се работи под условите кои сега се поставени. 

Ангеловски вели дека угостителите немаат ништо против мерките за безбедност и заштита на здравјето на гостите кои се барани од властите.

„Сите мерки за безбедност и за дезинфекција, носење маски и слично, ние сме подготвени да ги имплементираме веднш“, вели овој угостител.

Но затоа, најголем проблем ќе биде барањето на Комисијата за заразни болести во простор од 10, или конкретно 9,6 метри квадратни, да може да се постави само една маса со 4 столици. 

Но, апсурдот е уште поголем поради барањето на една маса да можат да седат само двајца ако не се од исто семејство, а четворица би можеле да седат само ако се од исто семејство.

И згора на сето тоа, може да работат само терасите на угостителските објекти.

„Замислете еден ресторан кој внатре има 100 метри квадратни, а и надвор има 100 метри квадратни. Ќе смее да му работи само терасата од 100 метри квадратни, и на неа ќе може да бидат поставени само 10 маси. Или, ако на нив седат само по двајца, тоа се само 20 луѓе на 100 метри квадратни. Ова знчи дека нема да има никаква економска исплатливст и ќе се генерира загуба уште на самиот старт на отворањето на лкалите“, вели Ангеловски. 

Според него, нема никаква логика на маса за четворица, да седат само двајца посетитетли.

„А и како да занете дали гостите што ќе дојдат се членови на семејство или не. Не можете да ги легитимирате, а постојат и Закон за семејство, различни презимиња, како и вонбрачни заедници. Значи, се повторно ќе се сведе на нивните лични кажувања“, вели Ангеловски. 

Угостителите на ниво на еснаф ќе почекаат да ја видат конечната одлука на Владата, па потоа ќе се направи и анкета за протоколите.

За дел од нив се очекува, и покрај неисплатливоста, да стартуваат со работа штом тоа ќе биде дозволено, од причина што не гледаат друг излез. 

Инаку, угостителската дејност е битна не само за семејствата што од неа егзистираат, туку и за пиварниците, винариите, лозарството, и бројни други поврзани сектори.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди