29 Март, 2024
0.0429

Уште нескроен, буџетот за 2020 нападнат од сите страни - ќе каже ли и кому „не“ министерката Ангеловска

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Повисоки плати за просветарите за 10 отсто, зголемени плати за лекарите специјалисти со цел да достигнат до 100 илјади денари месечно, повисоки пензии, субвенции за покривање на придонеси, субвенции за минимална плата, субвенции за возила, субвенции за инвертори... Ветувања многу, барања и желби уште повеќе. Силни милиони се во најава дека ќе се трошат од државниот буџет идната година, која, патем, ќе биде и изборна. А обично, во такви години, владите се повеликодушни од вообичаено. Уште нескроен, изгледа дека буџетот е нападнат од сите страни.

За министрите за финансии се зборува дека нивна клучна доблест треба да биде да кажат „не“ во битни моменти, ќе има ли храброст тоа да го стори министерката Нина Ангеловска, и кому ќе мора да му соопшти дека за него ќе нема пари идната година?

На просветарите Владата веќе им вети зголемување на платите за 10 отсто од април идната година, откако тие бараа уште повеќе, дури 25 проценти. Понудата е на маса пред просветните работници, им ја сервираа лично премиерот Зоран Заев и министерот за образование Арбр Адеми. Тие неволно ја разгледуваат. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков вели дека се уште ќе размислуваат, а понудата од 10 отсто ќе ја прифатат само доколку за тоа едногласно се изјасни членството. Доколку, пак, ја одбијат, идниот месец би почнал штрајк на просветните работници.

На нозе се кренаа и „културњаците“, вчера со протестен марш ја потсетија власта дека земјава е единствена држава во регионот која 15 години нема колективен договор во културата, и единствена каде има астрономски разлики во платите меѓу дејностите,. Културните работници побараа колективен договор, кој ќе важи од први јануари следната година, a со кој ќе се регулираат платите и надоместоците на вработените во културните институции. Практично, достоинствени плати бараат културните работници, Владата е на потег да одлучи дали тоа ќе им го овозможи од следната година. Од Министерството за култура очекуваат дека колективниот договор ќе биде применлив од први јануари следната година, а со него би се елиминирал дисбалансот на платите помеѓу одделните дејности, но и да бидат утврдени објективни коефициенти за висната на платите во културата.

И лекaрите специјалисти ги чекаат повисоките плати што им ги вети власта, тие треба да достигнат до 100 илјади денари до крајот на мандатот. Министерот за здравство Венко Филипче неодамна изјави дека и сега има лекари што земаат нето плата од 100 илјади денари, со корекциите и дежурствата, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година.А веќе од септември годинава зголемени се платите на здравствените работници за пет проценти, што значи дека за тие повисоки плати ќе бидат потребни повеќе пари од буџетот за идната година. Матичните лекари, пак, од први ноември ќе добијат поголема капитација.

На вчерашната седница Владата требаше да донесе одлука и за субвенции за инверторите и евентуално за возилата, но немаше информзции дали и што од овие мерки е одобрено, и на колкави суми.

Но, не е ова се што чека да биде алиментирано од државниот буџет. Од ноември годинава стртува мерката со која Владата ќе им ги покрива придонесите на сите газди што ќе решат да им ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6.000 денари. Ваквата великодушност со која власта сака да го елиминира делењето плата во плик, годишно се очекува да ја чини националната каса по околу 30 милиони евра, толку нови пари ќе треба да покрие буџетот 2020.

И зголемената минимална плата ќе треба да биде помогната со државни пари. Премиерот Заев најави дека таа ќе се зголеми за над 1.000 денари. Но, и за овие работодавачи би требало да се планираат субвенции од државниот буџет.

На последната граѓанска трибина премиерот Заев најави дека во 2020 ќе следи и покачување на пензиите, какво што досега не е видено. Овие средства, за воља на витината, треба да се покријат од Пензискиот фонд.

Во Мнистерството за финансии веќе почна да се крои буџетската каса за идната година.

Фактор праша во Кабинетот на минитерката Ангеловска дали министерствата ги испорачале своите барања и потреби за пари за идната година и дали може да се каже дека биле скромни или, пак, алчни за своите ресори? Со оглед што од буџетот премногу се бара од сите страни, баравме одговор и на дилемите дали министерката планира се да одобри. И клучното прашање е – ако на сите овие барања се каже „да“, колкав во тој случај ќе биде буџетот за 2020, дали и колку ќе го надмине најгломазниот буџет што го имавме оваа година, тежок над 3,7 милијарди евра? Значи, дали ќе одобри значајно повисок буџет од годинашниов. А со оглед што капиталните инвестиции годинава доживеаја, барем досега, фијаско, дали за идната година Владата повторно ќе настапи преамбициозно со капиталните расходи, или малку ќе се стави „рачна“ во нивното амбициозно проектирање.

Но од Финансии засега не се многу расположени да откриваат детали.

„Во Министерството за финансии во тек е усогласување со потребите на буџетските корисници како дел од активностите за подготовка на Буџетот за наредната година. Откако ќе биде изготвен Предлог-буџетот за 2020 година, деталите ќе бидат презентирани пред јавноста“, одговорија кусо од ресорот за финансии.

А токму вчера, од главниот финансиски и реформски ментор на Владата, Светска банка, стигна предупредување дека треба да се внимава со зголемувањата на платите во јавниот сектор, но и на минималната плата, бидејќи кога тоа е поврзано со намалена продуктивност, може да ја загрози конкурентноста на економијата.

Издашноста на Владата за зголемени плати, пензии и субвенции, доведе до повисок долг и дефицит, велат светските банкари.

„Годинава се зголемија јавниот долг и фискалниот дефицит како резултат на порастот на тековните расходи поради зголемувањето на платите, пензиите и на субвенциите и покрај умерениот раст на приходите“,потенцираа од Светска банка. 

Според нив, јавниот и јавно гарантираниот дол се очекува да се зголеми од 48,5 проценти во 2018 година, на 51 процент како резултат на интензивирањето на задолжувањето на Владата за да ги изврши претстојните обврски,  додека гарантираниот долг се зголемува со забрзувањето на јавните инвестиции во патиштата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат