28 Септември, 2024
0.0360

УШТЕ ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ИМАМЕ СНЕГ СО СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 15 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува долг период на многу студено време

Објавено во: Македонија 03 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Заборавете на пролетта вели метеорологот Славчо Попоски и најавува долг период на студено време.

Неговиот извештај го пренесуваме во целост:

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Медитеранот, во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ врнежите од јужните и од југоисточните предели од Македонија ќе се прошират насекаде низ државава.  На местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова снежна покривка (над 15 цм, а на планините дури и над 20 цм снег). Снежната граница особено во западните предели локално ќе се спушти и под 1000 метри, со што појава на лапавица ќе има понекаде и во градовите (можно е и тука формирање на снежна покривка). Ќе продолжи да дува северниот и североисточниот ветер, и особено долж повардарието ќе биде засилен на интензитет.

Потоа во следните денови останува невообичаено студено и наутро температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата. Најстуден ден ќе биде утрешниот кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

Инаку во следните неколку денови продолжува променливото време со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег. Појава на лапавица и понатаму ќе има и на некои пониски места особено на запад и север од Македонија.

Во Скопје исто така се очекуваат интензивни врнежи од дожд, додека на околните планини ќе паѓа снег а температурата позначително ќе се намали.

НАПОМЕНА: За време на овој голем влажен бран на повеќе места ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?