20 Април, 2024
0.0275

Уште три брода со жито ги напуштија украинските пристаништа

Објавено во: Свет 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Три брода со вкупно 58.000 тони пченка утрово тргнаа од украинските пристаништа кон Турција, Велика Британија и Ирска, соопшти Министерството за одбрана на Турција.

Првиот брод „Навист“ под знаме на Панама, исплови од пристаништето Одеса за Ирска со 33.000 тони жито, се наведува во соопштението на Министерството.

Бродот ќе биде подложен на инспекција во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул пред да го продолжи своето патување до крајната дестинација.

Вториот брод „Ројен“, под знаме на Малта, тргна од пристаништето во Черноморск со 13.000 тони жито, а неговата крајна дестинација е Велика Британија, соопшти Министерството, додавајќи дека го следи Заедничкиот координативен центар, пишува Анадолија, пренесува „Блиц“.

Третиот брод „Поларнет“, брод под знаме на Турција, кој чекаше во пристаништето во Черноморск, влезе во пристаништето Караса во северозападна Турција.

Бродот, кој превезува 12.000 тони жито, ќе го прегледа заедничка екипа во Истанбул.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во Истанбул го продолжи патувањето од Истанбул до Либан.

Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.

Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на испораките на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

Согласно договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништето, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп