Уште за оваа година граѓаните ќе треба да поднесат годишна даночна пријава
Објавено во: Економија 06 Декември, 2017
Од јануари 2018 година ќе започне реализацијата на проектот „е-персонален данок на доход”.
Но, дотогаш и за оваа година граѓаните ќе треба на пролет сами да поднесат даночни пријави за 2017 година на шалтерите на УЈП. За дополнителните приходи од следната 2018 година започнува електронското спроведување на проектот за даночни пријавувања. Од 1 јануари 2019 година, обврската за поднесување на даночна пријава престанува затоа што тоа ќе го прави УЈП – електронски. Од УЈП велат дека целта е да се поедностават процедурите и да се елиминираат редиците пред шалтерите.
Откако проектот ќе почне да се применува, граѓаните ќе може компјутерски да проверат каква пријава им пополнила државата, а на шалтер ќе одат само ако имаат забелешка. Проектот е финансиран од европските ИПА фондови во износ од 100.000 евра.