17 Февруари, 2020
0.0250

УСЈЕ: Борбата за чист водух мора да бидат темелени на факти

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2020

Борбата за чиста животна средина е обврска на сите субјекти, а таа мора да биде темелена на вистински и точни аргументи и разумен став. Институциите, граѓанскиот сектор и индустријата имаат подеднаква улога и одговност во создавање услови што ќе доведат до подобрување на состојбите со животната средина.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е отворена компанија која работи транспаретно и ги споделува сите информации поврзани со своите активности. Компанијата активно соработува и е подготвена за дијалог со сите засегнати страни, бидејќи сите активности во компанијата се одвиваат согласно највисоките стандарди пропишани за индустриски капацитети од овој тип, не само во земјава, туку и согласно регулативата во ЕУ. Во духот на транспарентноста сакаме уште еднаш јавно да ги повикаме претставниците на О2 коалиција да дојдат и да нѐ посетат во време кое ним им одговара за да можат детално да се запознаат со нашето работење и да ги постават сите прашања важни за нивните активности. Само така ќе можеме сите заедно да креираме ставови темелени на факти и понатаму да дојдеме до решенија и мерки што ќе бидат од корист на јавноста и ќе донесат реално подобрување на состојбите.

До нашата средба која се надеваме ќе биде многу скоро, сакаме да појасниме одредени наводи изнесени во јавноста кои не кореспондираат со реалната состојба.

Во Цементарница УСЈЕ од алтернативни горива се користи биомаса и преработени фракции од неопасен отпад. Во 2019 година иако беа дозволени 25-35%, замената на фосилни со алтернативни горива (АГ) во Цементарница УСЈЕ беше 4%. Беа употребени само 4.400 тони алтернативно гориво од кои 870 тони лушпи од ориз од кочанско. Граничните вредности на концентрациите на диоксини и фурани, тешки метали и  други параметри во емисиите во воздухот од цементната индустрија се многу пониски кога се употребуваат АГ, во споредба со емисиите кога се употребуваат конвенционални фосилни горива. Тоа е определено во т.н. BREF документи (BAT-Reference Documents) за цементната индустрија кои ги пропишуваат најдобрите достапни техники и важат за сите цементни фабрики во Европа.

Следејки ги добрите практики во ЕУ, сите стандарди и барања за намалување на влијанието врз животната средина ги спроведуваме дури и пред истите да станат законска обврска. Употребата на АГ е определена како Најдобра Достапна Техника со погоре споменатите BREF документи и практично е обврска на секоја цементна фабрика. Тоа е единствен начин да се намалат емисиите на стакленички гасови во цементната индустрија. Дополнително, секоја споредба со инсталации кои се неодговорни и вршат било какви нелегални дејства немаат никаква поврзаност со работењето на нашата фабрика.

Исто така, сакаме да потенцираме дека Цементарница УСЈЕ врши континуиран мониторинг на сите наведени испусти и согласно законските обврски чува запис од извршениот мониторинг, а не само на два, како што се наведува во дописот на О2 коалиција. Податоците од мониторингот за сите мерни места се доставуваат до МЖСПП согласно со барањата во А-Интегрираната еколошка дозвола. Со цел да се зголеми транспарентноста во нашето работење, Цементарница УСЈЕ еднаш неделно ги објавува податоците од континуираниот мониторинг на двата најзначајни извори на емисии – двете линии за производство на клинкер. На сите други испусти, односно  мерни места, има единствено емисии на прашина од мелење на суровини и полупроизводи. Емисиите од сите мерни места за сите параметри се под дозволените гранични вредности на емисии. Овие податоци во реално време и како претходен запис може во било кое време да се погледнат во Цементарница УСЈЕ.

Цементарница УСЈЕ има обврска да врши дополнителни мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух во кругот на фабриката. Локацијата на мерење е определена од страна на МЖСПП. Согласно со стандардите за мерење на квалитет на амбиентален воздух, референтната метода е гравиметриска (не on-line) и Цементарница УСЈЕ ја користи токму таа метода. За споредба, на истото мерно место, неколку пати годишно мерења вршат и независни акредитирани лаборатории. ДИЖС има целосен увид во овие споредбени мерења, а резултатите од мерењата потврдуваат дека не постои корелација помеѓу емисиите од Цементарница УСЈЕ и квалитетот на амбиенталниот воздух. Така, во зимскиот период кога воопшто нема производство на цемент, измерените вредности на РМ10 се значително повисоки од дозволените, додека пак летно време кога Цементарница УСЈЕ работи со полн капацитет, концентрациите на РМ10 честички се во рамки на дозволеното, односно под 50µg/m3.

УСЈЕ како компанија заедно со сите други засегнати страни подеднакво се залага за подобрување на состојбите со животната средина. Компанијата е индустрија која денес е лоцирана во градско поддрачје, па оттука наша деловна определба, а не само граѓанска должност, е да работиме согласно највисоките стандарди и постојано да се подобруваме.

Затоа континуирано сме отворени за посети на сите заинтересирани и вклучени страни, па затоа се надеваме дека овој пат ќе ја искористите можноста да нѐ посетите.


Можеби ќе ве интересира

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас

Непријатната вистина за иднината на Македонија со фосилниот гас

Дефектот на ул.Јустинијан Први 19 во населба Драчево е саниран

Дефектот на ул.Јустинијан Први 19 во населба Драчево е саниран

Прекин на водоснабдувањето во Драчево

Прекин на водоснабдувањето во Драчево

AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

Дефектот на ул.Фрањо Клуз бб е завршен

Дефектот на ул.Фрањо Клуз бб е завршен

Дефектот на ул.Брсјачка Буна 15 е завршен

Дефектот на ул.Брсјачка Буна 15 е завршен

Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун

Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун

Новата Opel Corsa ја доби наградата „Connected Car“

Новата Opel Corsa ја доби наградата „Connected Car“

А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“