Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023
Струшкиот основен суд му изрече условна казна на гинекологот Мухамед Асани за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа, меѓу кои и на родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи.
Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години.
Констатирано беше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и ДЗСИ поднесе кривична пријава.
Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен.
Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.