20 Април, 2024
0.0264

Усовршување надвор од професијата: Сам свој газда или работа за постојано

Објавено во: Финансии 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во моменти на губење на работно место или потрагата по подобро, се поголeм број луѓе се свртуваат кон дополнително усовршување и преквалификација за друг вид работа. Секако дека е тешко одеднаш да се премине од право на економија или од медицина на електротехника, но постојат начини да побегнете од својата досегашна работа и да започнете нешто сосема ново што може да ви донесе подобра заработка и уживање во работата, пишува економистот Срѓан Мрѓа пренесува сајтот BIZLife.rs.

Пазарот на труд секојдневно се менува. Некогаш, на пазарот на труд, има голема побарувачка за одредени професии кои денес ги има и премногу. Пред се’ се мисли на правници и економисти, па и лекари и наставници. Но, затоа денес одредени занимања се побарани кои во минатото и не биле толку застапени, пред се’ програмери, сметководители, графички дизајнери или работници во салоните за убавина.

Програмирањето е едно од најбараните занимања во ерата на дигитализацијата и компјутеризацијата на секој сегмент од нашиот живот, не само кај нас, туку и во светот. Така се’ поголем број луѓе, особено млади, иако не завршиле Електротехнички факултет, се одлучуваат на усовршување од областа на програмирањето. За илјада до две илјади евра можете да завршите неколкумесечен курс за Јава програмирање, па така од досегашната професија да се префрлите на програмирање и креирање ,,андроид” или ,,иос” апликации или управување на компјутерски мрежи. Може да имате одлична заработка.

Курсот по сметководство чини од неколку стотини до илјада евра и трае неколку месеци. Не можете да бидете ,,лиценциран сметководител”, но книговодствено водење на кафетерии, бутуци или ресторани за брза храна може да ви донесе заработка и од неколку илјади евра. Посебна предност, за разлика од минатите времиња, е што целата сметководствена работа е на компјутер во специјализирана програма, така што работата на сметководителот е поедноставена и олесенета.

Графичките дизајнери исто така се на цена, но за оваа област морате сепак да имате креативни предиспозиции. Како и претходните две занимања, потребно е да вложите во себе и своето усовршување, како и во квалитетна компјутерска опрема. Има се’ поголем број дизајнери фриленсери кои самите го одредуваат своето работно време и работат на проекти за кои се ангаржирани од други компании. Секако, покрај усовршувањето потребни ви се и контакти од компании како би го покажале својот креативен потенцијал. Којзнае, може и да ве вработат за постојано.

Покрај овие занимања, градежници, мајстори, кројачи, масери, козметичари и фризери исто така можат да имаат добра заработувачка доколку се потрудат. Курсевите се уште поефтини, па доколку ви е преку глава од досегашната работа, еве прилика да се преквалификувате и да започнете некој свој бизнис и да бидете сам свој газда.

Една од добрите работи на капитализмот е што ја имате можноста да се занимавате со работи кои немаат врска со вашето образование или досегашното искуство. Работодавачите повеќе не се држат стриктно до дипломата туку сакаат да видат како работите. Доколку се покажете добро за некое работно место и не ги интересира дали сте завршиле школо за тоа или сте се усовршиле преку курс. Пред се’ се цени знаењето и умеењето. Понекогаш во тоа може да ви помогне и државата преку разни курсеви и можности за преквалификација.

Ако, не дај Боже, останете без работа или од досегашната ви е преку глава, не очајувајте. Соберете храброст, вложете во своето знаење и променете ја професијата. Можеби сте талентирани баш за тоа. А кога го работите она што го сакате, се’ е лесно.


Извор: BIZLife


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин