Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024
Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2024
Успешното лидерство и визионерско претприемништво, олицетворени преку примерот на една од највлијателните и најуспешни деловни дами – ЕЛЕНА ЛУКА, беше една од клучните и најинспиративни теми на овогодинешната женска конференција „Profemina“, која се одржа вчера во хотелот „Холидеј Ин“во организација на „Убавина и здравје“.
Преку мотивирачки разговор со фокус на вредностите, квалитетите и визионерскиот дух што треба да ги поседува една успешна деловна жена, ЕЛЕНА ЛУКА го сподели своето богато деловно искуство, нагласувајќи ја и важноста на меѓусебната поддршка меѓу жените.
Под водство на оваа исклучителна жена менаџер, брендовите ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ поставија високи, светски стандарди во своето делување и станаа синоним за иновација, ексклузивитет и ненадминлив квалитет.
Таа е визионер, лидер и пример за тоа како се создаваат брендови кои го освојуваат светот и инспирација за многу жени и девојки, затоа што е успешна бизнис жена која менаџира во повеќе деловни сектори.
Вчера на сцената на „Profemina“,во рамки на концептот: „Креаторка на својот живот – уникатна и инспиративна, ЕЛЕНА ЛУКА“ - таа го сподели патот кон успехот, тајните на управување со глобално успешни брендови, и им даде моќни совети на сите дами кои сонуваат за сопствен бизнис.
Тоа беше и повеќе од доволна причина, бројната присутна публика да покаже огромен интерес и со големо внимание да го проследи инспиративниот разговор со кој се презентираше успешната приказна на ЕЛЕНА ЛУКА.
„Како лидер, отсекогаш сум верувала дека секој бизнис, без разлика дали е во модниот или градежниот сектор, треба да има јасна визија и цел кои ги одразуваат вредностите на компанијата. Основните вредности кои што го креираат мојот бизнис пристап, секогаш се темелат на интегритет, иновација, уникатна идеја, посветеност, максимална професионалност, но и одговорност кон луѓето и заедницата. Преку моите компании, максимално се вложувам да ја унапредам позицијата на жените во бизнисот и да покажам дека е можно да се постигне успехи во индустрии во кои традиционално доминираат мажите. Преку мојот личен пример, сакам да покажам дека со правилна стратегија, оригинална идеја, визија и упорност, жените можат да бидат лидери во секој сектор. Работиме на отворање патишта за следната генерација на жени лидери, особено во индустриите кои бараат иновации и лидерство“.
„Пред да се започне нов проект, треба да се поминат одредени стадиуми во работењето. Во моите компании секогаш започнуваме со темелно истражување на пазарот, а потоа следува бизнис планирање и стратегија и се прави еден концизен концепт на работа. Понатаму, за успешно да се реализира целта неопходно е со целиот свој капацитет да се посветите на работата. Преку нашите проекти секогаш сакаме да понудиме нови концепти на пазарот, кои што ќе бидат иновативни, квалитетни и функционални. Во контекст на актуелните проекти на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, со задоволство ќе го споменам комплексот FUTURA кој е еден сериозно атрактивен станбено-деловен комплекс со површина од 47.000м2. Лоциран е во општина Кисела Вода, на булевар Борис Трајковски, на само пет минути пешачење од центарот на Скопје, и сместен е во опкружување со комплетно развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек. Од секој аспект еден ултра модерен, квалитетен станбено-деловен комплекс по највисоки стандарди. Нескромно ќе кажам дека да се биде жена во градежништвото има и одредена предност. Затоа што како жена размислувам за сите детали, а покрај тоа исклучително внимавам на функционалноста во домувањето. Од тој аспект лично сум вклучена во создавањето на целата стратегија на сите проекти.Токму оваа посветеност и личен печат во сè што работаме причина секој проектда биде синоним за иновација и успех “, потенцираше ЕЛЕНА ЛУКА.
Модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА постои за да биде авангарда и низ годините успеа да изгради нешто повеќе од мода, како ретко кој, ЕЛЕНА ЛУКА изгради стил и начин на живот. Брендот е создаден со јасна визија и цел, со својата прогресивност секогаш да ги надминува стандардите и да има свое посебно и незаменливо место во модната индустрија.
„Сигурна сум дека ЕЛЕНА ЛУКА веќе соработувала со голем дел од жените присутни овде денеска. Мене ми е исклучителна чест и задоволство кога ја гледам среќата на жените кога носат ЕЛЕНА ЛУКА. А кога вие сте среќни, јас сум уште посреќна“, им се обрати ЕЛЕНА ЛУКА на присутните дами.
Како успешна бизнис жена, ЕЛЕНА ЛУКА е голема инспирација и пример за многу жени кои сонуваат да започнат свој бизнис и во таа насока, таа ги охрабри со моќни и инспиративни пораки.
ЕЛЕНА ЛУКА останува посветена на својата деловна стратегија во која акцентот е на иновациите и креативноста, кои создаваат вредности што траат и инспирираат. Како резултат на нејзината посветеност и професионалност, успехот е природен исход во нејзината работа.
Оваа година женската конференција „Profemina“ во организација на магазинот „Убавина и здравје“ се одржа под слоганот „Креаторка на својот живот“. Програмата вклучуваше голем број активности, панел дискусии и презентации на различни теми кои се од интерес на жените, а со цел да поттикнат нивно вмрежување, деловен прогрес, како и да ја стимулираат грижата за себе и за своето здравје.
*Пр објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.