24 Април, 2024
0.0266

Успешните компании се овде: Со четворица практиканти формирале македонска фирма која работи за Линкедин

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Клиентот е секогаш најважен на листата нели? Но, што доколку и вработените се третирани исто така? Во BizzBee Solutions таа приказна станува реалност, вели Данчо Димков, сопственик на оваа домашна компанија, кога го прашавме на што прво му текнува ако прашањето е по што се разликуваат од другите. Но тоа секако не е единствен нивен квалитет. Почнале со четворица практиканти, ама оваа фирма сега брзо се шири. Нудат услуги на други компании во однос на испитување на пазарот, создавање нов бизнис план, оформување на контакти. Еден од клиентите им е и маркетниг гигантот LinkedIn со кого работеле на развој на нови производи и услуги на нивната платформа на светско ниво. Фирма од Финска, пак, која важи за еден од гигантите во областа, со помош на македонската компанија успеала да присвои капитална инвестиција од 20 милиони долари. Разговорот со Димков е пред се позитивен оти тој има став дека младите можат да го освојат светот и без да си отидат од Македонија.За сопствената компанија вели дека има амбиција која излегува надвор од балканските простори. На шега вели дека не се Salesforce.com, но дека не се ни обидуваат да бидат. Учат од гиганти и соработуваат со нив.

Приказната започнала пред повеќе од десет години, но како тим BizzBee Solutions на пазарот постои две и пол години. Уште на стартот соработувале со 250 различни клиенти.

„Кој беше мотивот за да помагаме на луѓето на овој начин? Во периодот пред да се роди BizzBee Solutions имаше доста искачувања и падови и огромно искуство во старт-ап светот, каде на многубројни проекти сме гледале како тие растат и во која точка се распаѓаат. Решивме сето тоа наше искуство, преку нашите паѓања да вратиме нешто назад кон бизнис заедницата низ целиот свет со тоа што ќе помогнеме да се креираат нови работни места. А тоа е се преку нашето искуство, знаење и секако нашата експертиза. Во март 2016 година официјално започна приказната на BizzBee Solutions. И тогаш во никој случај не верувавме дека ќе стигнеме таму каде што сме сега. А сега пак, визијата и амбицијата ни е уште поголема и сфаќаме дека сме сеуште на самиот старт, вели Димков.

ОДЛУКИТЕ ГИ НОСАТ СИТЕ ВРАБОТЕНИ

Од четворицата практиканти со кои започнале само како тест, а за три месеци истата година, тимот пораснал двојно, за уште два месеци стасале до тим од 18 луѓе. Моменто се 28 млади амбициозни дечки.

-“Да подигнеш бизнис од темел навистина не е едноставно. Развивање на проекти, клиенти и вработени се трите клучни работи за развој. Сме работеле со клиенти кои имале еднократна задача за нас но потоа прераснале во проекти кои веќе траат со месеци и целосен проект менаџмент. Прилагодување и следење на промените се континуиран дел од работата. Како напредува бизнисот така напредуваат и вработените, вели Христина Танчева, Проектен менаџер во BizzBee Solutions.

Моментно со оваа продуктивност имаат по 100 нови клиенти годишно, плус клиентите кои останале лојални од претходниот период.


“Како човек за продажба во BizzBee Solutions што работи повеќе од една година, би сакала да ги нагласам извонредните работни услови во компанијата и беспрекорното разбирање од страна на колегите и менаџментот. Што се однесува до работата, таа е доста динамична. Секојдневната комуникација со клиенти со различна позадина кои доаѓаат од сите страни на светот, го збогатува моето знаење, ги проширува моите хоризонти и го надградува моето професионално, но и лично искуство, вели Марина Поп-Ѓошева.

Сепак сите велат оти тие се доста работливи, а менаџментот не е единствен кој донесува одлуки, туку сите вработени.

“Млад тим и млади луѓе, секогаш расположени за тимска работа, дружба и муабет. Заеднички размислуваме на одредени проблеми, споделуваме идеи и решенија. Колегијалноста е на високо ниво, заедничко кафе, јадење, дружење на паузи, правење смути, салати и сл. Моментално во мода ни е здрав живот, здрава исхрана, но понекогаш знаеме и да си нарачаме некој добар бургер, вели Николина Ристоска, Проектен менаџер во BizzBee Solutions.

РАБОТА СО ГИГАНТИ

Инаку во бизнис планирањето помогнале на огромен број компании, а меѓу нив, еден гигант во кафе бизнисот, еден финансиски портал, имиграциона агенција. Моментно работат на бизнис план за една авио компанија. Го истражувале пазарот за неколку клучни фирми во индустријата. Димков вели дека една од нивните цели е да продолжат со тоа да ја ставаат нивната експертиза во корист на претприемачите и старт-ап компаниите низ целиот свет.


„Нашата цел е да продолжиме со нагорно темпо во двете насоки како одржлив и препознатлив бренд на светскиот пазар во нашата област, но и да имаме одлично поле за раст и развој на членовите на нашиот тим, бидејќи тие се моторот на BizzBee Solutions. Поради зголемениот раст континуирано имаме потреба од нов и свеж кадар, но бидејќи сакаме да ги поттикнеме младите да ја започнат кариерата во оваа област, нудиме и платени пракси каде што им овозможуваме да го вкусат работењето во професионалнабизнис средина. Секако со можност да ја изградат таа кариера понатаму кај нас, вели Димков. 


Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата