19 Декември, 2018
0.3980
    ADIN 660    -5.71%     ALK 8200    -0.24%     GRNT 800    0.72%     KMB 5023.88    -0.5%     MPT 47000    0.61%     MTUR 4900    0%     RADE 1800    -0.88%     RMDEN16 96.2    -0.82%     STB 1285.06    -0.08%     TTK 1245    0%     USJE 23000    -2.13%     ZLRB 6170    0%

Успешно работење надвор од канцеларијата-вистина или мит?

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2018

Со развојот на технологијата, се чини дека поимот „канцеларија“ веќе се редефинира. Сè поголемата слобода во изборот и движењето ги прави луѓето да се чувствуваат независни и самостојни кога е во прашање локацијата од каде ќе ги завршат своите работни задачи. Комфорноста и задоволствата во текот на денот не мора да се пропуштaат, само затоа што имаме еден куп работа. Спојот на работата и посетата на некое омилено место, денес е многу едноставно  благодарение на технологиите базирани на облак или cloud. На овој начин, вработените можат лесно да пристапат до канцелариските датотеки и да работат заедно со други членови на тимот додека се во движење или пак се наоѓаат на некоја удобна локација. Компаниите потребно е да сфатат дека канцеларијата и четирите ѕидови не се толку инспиративни. Креативноста и слободата на умот бараат постојано движење и комуникација, кои се главниот предуслов за зголемување на продуктивноста.

Со ваков стил на работа, вработените можат самите да си го организираат денот и да ги избегнат вообичаенитепречки кои се составен дел од канцелариското работење како што се: ѕвонењето на телефоните, разговорите со колегите, честите интерни состаноци, консултации и слично.  Со добра техничка поддршка, пристапот до потребните фајлови и документи е едноставен, контактот со колегите непречен, па чувството дека не сте во вклучени во тековните проекти речиси и да не постои.

Во продолжение се неколку неопходни предности доколку некој од вас одлучи својата вообичаена работна средина да ја замени со работа надвор од канцеларија:

1.  Флексибилност

Сосема природно е вработените при извршувањето на задачите да користат различни уреди, така што способноста нивните компјутери да работат на сите оперативни системи значително ќе ја подобри пристапноста и ќе ја олесни работата. Програмот кој го користи компјутерот потребно е да биде доволно флексибилен за да работи на уред за кој лесно се поврзува со останатите колеги. Па така доколку работниот ден го поминете, на пример, во „Јавна соба“, со добра техничка поддршка ќе се чувствувате исто како да сте во канцеларија, со таа разлика што ќе го пропушите официјалниот дел од работата и во поопуштена и инспиративна средина ќе ги завршите работните задачи.

2.  Поврзаност

Непречената и добра вмреженост е една од најважните елементи  на успешниот тим, но уште поважна за оние кои имаат непостојана канцеларија и работат во движење. Стабилната комуникација и трансфер на информации значително ќе ја подобрат целокупната ефикасност на тимот со тоа што ќе овозможи сите постојано да останат во контакт.

 

3.  Пристап

Сите вработени со флексибилна работна средина бараат пристап до компанискиот сервер за да можат да бидат во тек со сите работни развојни фази и нивната комплетна работа. Неопходен е систем и техничка поддршка кои им овозможуваат на сите вработени да се чувствуваат супериорно во однос на работните задачи.

4.  Безбедност

Доколку ја погледнеме големата слика, сите наведени ставки кои ги споменавме, паѓаат во сенка, доколку ја немаме главната алка која го прави синџирот комплетен, а тоа е сигурноста. Поставувањето на безбедна конекција меѓу компанискиот сервер и уредите на мобилните вработени ќе ве осигураат дека непречено и сигурно комуницираат и  разменуваат чувствителни компаниски информации и документи, без при тоа да стравуваат од нивно компромитирање. Компанијата, исто така, треба да ги промовира најдобрите практики на интернет за да се осигури дека вработени избегнуваат ризично однесување додека се оддалечени од серверите на компанијата.

Што е решението?

Доколку сето ова ви изгледа премногу тешко за да го примените, на пазарот постојат поединечни решенија кои можат да дадат одговор на предизвиците. Во моментот, Microsoft Office 365 претставува најсоодветна алатка со која може истовремено и координирано да ги реши сите предизвици со кои се соочуваат вработените, а кои се одлучиле за неконвенционален начин на работење. Неговата предност е поврзаноста со cloud (облаk), кој ќе ве осигура дека апликациите, датотеките, надградбите и функциите автоматски се ажурираат.

Па така, не си го ускратувајте правото во лежерна атмосфера да ги извршувате работните задачи и да станете професионален „дигитален номад“, бидејќи денес фокусот се повеќе паѓа врз ефикасноста и крајните резултати. Како ќе се постигне разултатот, како ќе се организира времето, ресурсите и локацијата  за работа, сега веќе е личен избор.


Можеби ќе ве интересира

Најава за утре за прекин во водоснабдувањето

Најава за утре за прекин во водоснабдувањето

Дефектот во Визбегово е саниран

Дефектот во Визбегово е саниран

Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Прекини во водоснабдувањето на повеќе локации

Прекини во водоснабдувањето на повеќе локации

Дефектот на бул.АСНОМ 46 саниран

Дефектот на бул.АСНОМ 46 саниран

Заврешена реконструкцијата на водоводна линија во Драчево

Заврешена реконструкцијата на водоводна линија во Драчево

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

ССНМ го поздравува изборот на новото раководство на ЗНМ

ССНМ го поздравува изборот на новото раководство на ЗНМ

Што бараат миленијалците во еден автомобил?

Што бараат миленијалците во еден автомобил?