18 Април, 2024
0.0239

Успешното издавање на обрзници на ИутеКредит Европа придонес и за македонската економија

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ИутеКредит Европа, групација од која ИутеКредит Македонија е дел, успешно издаде обезбедени корпоративни обврзници на интернационалниот пазар. Иницијалната јавна понуда беше 50 милиони евра, но поради голема побарувачка од инвеститорите таа беше покачена на 75 милиони евра.

Тармо Силд, генерален директор на ИутеКредит, изјави: “Се радуваме и сме горди на довербата која ни ја дадоа институционалните и трговските инвеститори. Приходите кои доаѓаат од издавањето на обврзници ќе продолжат да го поддржуваат Иуте во реализирањето на нашата мисија, која е креирање на исклучително искуство во полето на личните финансии. Ова исто така ја демонстрира довербата на инвеститорите во земјите каде Иуте работи.”


Приходите од обврзниците ќе се искористат од страна на Иуте за финансирање на растот на моменталните и идни пазари, како и рефинансирање на постоечкиот долг. Според Силд, со емисијата на обврзници, Иуте отвора ново поглавје во историјата на компанијатa. “Иуте сака да им овозможи на своите клиенти најбрзо и најкомфорно искуство во личните финансии. Постојат многу клиенти кои сакаат и на кои им е потребна ваква услуга, и како што расте компанијата, би сакале да стигнеме и до нив.”, рече Силд.

“ИутеКредит Македонија работи и се залага за подобрување на секој аспект од функционирањето на граѓаните, а со тоа и на целото македонско општество. Со кредитните производи кои ги нудиме како и бројните иновативни услуги, целиме кон овозможување на уникатно корисничко искуство и што повеќе поволности за нашите клиенти”, вели Горан Василев, генерален директор на ИутеКредит Македонија.

Сите поднесени трговски налози од вкупно 20 милиони евра беа распределени во целост. Од ова, повеќе од 2.500 трговски инвеститори од Балтичките земји учествуваа со речиси 18 милиони евра. Околу 75 проценти од вкупниот обем на издавање беше распределен на повеќе од 30 инститиционални инвеститори низ Европа.

Новите обврзници се очекува да бидат вклучени во регулираниот пазар на Франкфуртската Берза и Насдак Берзата за Хартии од Вредност во Талин. Прв ден за тргување на Франкфуртската Берза се очекува да биде 6-ти октомври и 7-ми октомври 2021 год. за берзата во Талин. Обезбедените корпоративни обврзници беа издадени со годишна каматна стапка од 11 отсто. ИутеКредит ги издава обврзниците во вредност од 75 милиони евра (ISIN: XS2378483494) преку својата компанија IuteCredit Finance S.a.r.l.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

„ГИ УЧАМ ДЕЦАТА НА НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО ДУБАИ“: „Ме плаќаат 3.000 долари за да напишам домашна задача“

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

ОВА Е НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ МИЛИОНЕР НА СВЕТОТ: Ниту портирот во неговата фирма не го познава!

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!