Успесите на ЕЛЕНА ЛУКА крунисани со лауреатот македонска ЖЕНА НА ГОДИНАТА 2024
Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2024
Силната посветеност, страст кон работата, професионализмот и хуманоста кои ЕЛЕНА ЛУКА ги поседува беа препознаени и наградени со лауреатот македонска Жена на годината 2024 во рамки на престижниот настан „Жени претприемачки 2024,“ што се одржува по седми пат во организација на Kasia Events.
ЕЛЕНА ЛУКА ја освои оваа престижна титула во која беа номинирани и Радмила Шеќеринска -политичарка, Андријана Јаневска -пеачка и професорка, Емилија Спасовска Мојсовска – нутриционистка и Маја Андоновска Илијевски -актерка.
Ова признание претставува уште една потврда за нејзината исклучителна кариера како лидер, визионер и претприемач.
Во своето обраќање, ЕЛЕНА ЛУКА се заблагодари за значајната награда и ја нагласи важноста на женската поддршка во постигнувањето на врвни резултати.
„Оваа награда ми е многу важна, тоа е навистина импресивна, прекрасна награда пред сѐ затоа што е доделена од жени, за жени. Тоа е можеби е еден доказ дека чекорам по вистинскиот пат, во развојот на бизнисот, којшто вклучува комуникација со многу жени. Ние сме една општествено одговорна компанија. Наградата е и своевидна верификација дека со нашето менторирање преку фондацијата ЕЛЕНА ЛУКА правиме убави нешта за сите жени, за младите кои ја стартуваат својата бизнис кариера. Можеби моите патишта во еден дел од животот сум ги одела сама и затоа точно знам каде се оние потешкотии во развојот на бизнис концептот и колку значи женската поддршка и менторството. Затоа ЕЛЕНА ЛУКА преку својата фондација работи токму на тоа-даваме емоционална и психолошка поддршка во делот на менторирањето. Им помагаме на сите жени да издржат на тој специфичен и тежок пат до успехот. Среќна сум дека ги гледам искрените лица на жените кои гласале за мене сметајќи дека треба да бидам жена на годината 2024-та.“- истакна ЕЛЕНА ЛУКА.
Во своето обраќање ЕЛЕНА ЛУКА нагласи дека најважно е да си помагаме едни на други, да ги сакаме луѓето, да мислиме на доброто на заедницата и да обезбедиме конкретна поддршка на оние жени на кои им е истата потребна.
„Разговарам многу со млади жени и девојки кои сакаат да почнат одреден бизнис. Отворено разговараме за бизнис нивните идеи, размислувања, некои се реални некои не. Онаму каде се гледа дека нешто е остварливо, но недостасува самодоверба поради неискуство или слично, ја даваме поддршката преку фондацијата ЕЛЕНА ЛУКА, во форма на разговори, менторинг. На тој начин тие осознаваат дека шансите за успех се големи и тоа од самиот момент кога им дошла идејата за иновативниот бизнис.“- рече ЕЛЕНА ЛУКА.
Добитничката на наградата за Жена на годината ЕЛЕНА ЛУКА е вистински пример за лидерство, иновација и посветеност, во светот на модата, а нејзиниот бренд е синоним за авангарда, уникатност и врвна креативност. Преку ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, таа го редефинира начинот на кој се гледа на градежната индустрија, носејќи современи стандарди и иновации во архитектурата и недвижностите. Таа е исто така успешна и во дигиталниот медиумски свет преку модниот магазин FashionEL.mk.
Наградата „Жена на годината“ ја истакнува посветеноста на ЕЛЕНА ЛУКА во обликувањето на позитивни промени и создавањето иновативни решенија кои го трансформираат општеството. Организаторите од Kasia Events објаснија, како се врши изборот на наградените и ја поздравија нејзината исклучителна посветеност и примерот што го дава на жените претприемачки.
„Изборот на жената на годината се организира преку номинација, еден месец пред изборот, од средината на ноември до сега, се номинирани различни групи на жени. Оној кој што има најмногу номинации потоа се сублимира, правиме табела, тие 5 жени кои имаат најмногу номинации потоа се оценувани од жири комисија. Оваа година за Жена на годината беше прогласена Елена Лука од добиени 437 номинации.- изјави Катерина Котларевска Маневска – Организатор на настанот, сопственик на брендот Kasia Events
Својата успешна инспиративна приказна како претприемач ЕЛЕНА ЛУКА ја раскажа и за време на панелот „Како жените си подаваат рака во бизнисот“ кој исто така беше дел од конференцијата „Жени претприемачки 2024“ и беше модериран од професорката Маја Кузмановска.
„Мислам дека заслужено оваа награда отиде во вистински раце, сите знаеме брендот ЕЛЕНА ЛУКА на кое високо ниво котира во ова општество, навистина е жена за пример.На самиот панел се виде дека е жена која има многу искуство, жена која сака да помага и стои на располагање за сите особено за жените и младите. Честитки, ова се надевам ќе биде поттик и понатаму да не застане и да продолжи со своите успеси и кариера.- рече Маја Кузмановска професор и модератор на панелот „Како жените си подаваат рака во бизнисот“.
На конференцијата „Жени претприемачки“ учествуваа сопственички на бизниси, жени со претприемачки идеи, како и лидери од различни професии – од корпорации, медицината, образованието, спортот и многу други области. Покрај официјалните презентации и дискусии, настанот овозможи нови можности за вмрежување и создавање на долготрајни пријателства и соработки.
ПР објава
ГАЛЕРИЈА:
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls
Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls
A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември
A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември
Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал
Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал
Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми
Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми
Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло
Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти
Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти
Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“
Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“
Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти