УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ТЕМИТЕ НА РАЗГОВОР, премиерот на Албанија објави фотографија од средбата: Добра година за Албанците

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2023
По средбата на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија, доцна синоќа објава на Фејсбук имаше Рама.
Тој постираше и фотографија од неформалната вечера во владината вила во Тирана.
На средбата присуствуваа Али Ахмети од ДУИ, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи, ДПА и Африм Гаши, Алтернатива. Од поканетите не присуствуваше само Билал Касами од Движењето БЕСА.
Со Рама беа и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија Таулант Бала и генералниот секретар на партијата Дамијан Ѓикнури.
– На здравје! Добра година за Албанците каде и да се #Албанско братство
#AlbanianBrotherhood, е текстот на Рама во објавата што ја придружува фотографијата на која присутните уживаат со вино.
Рама не наведува за што разговарале, но по средбата лидерот на АА, Таравари на новинарско прашање потврди дека „меѓу другото е разговарано и за уставните измени”.
– Да, меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ - рече Таравари.
Според него, ја анализирале и општата состојба во Северна Македонија, Албанија и регионот, руската инвазија врз Украина, економската ситуација и заедничката иднина на Скопје и Тирана во правец на ЕУ, со став „како земји членки на НАТО заедно да го продолжат патот до ЕУ”.
Тој не сакаше да го коментира неприсуството на Движењето БЕСА, велејќи дека тоа е одлука на партијата.
Таравари потврди дека во Тирана, пристигнал од Приштина, каде што имал средби со косовската претседателка Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со спикерот на парламентот и со лидери на политички партии.
Претходно, уште во текот на средбата, Њуз24 јави дека тема била внатрешно-политичката ситуација во Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот за обезбедување мнозинство за изгласувањето на на уставните измени во македонското Собрание
Фото: Принтскрин/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ КАДЕ МОЖЕТЕ САМИ ДА ШЕТАТЕ НОЌЕ: Хрватска е прва, а каде е Македонија на листата?

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО БЕЧЕЈ: Возач со автомобил се залетал во средношколци кои биле на блокада

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД ЗЕМЈОТЕРСОТ: Tраеше неколку секунди и ги исплаши Хрватите

(ВИДЕО) РАМА СЕ ИЗНЕРВИРА: Почна да пцуе додека траеше преносот во живо

ПОРАДИ СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: За 12 сантиметри се помести историската камбанарија во Паг

ГАЗДА ПЛАТИЛ КАЗНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕШТО ШТО Е СОСЕМА „НОРМАЛНО“ КАЈ НАС! Инспекторите тајно влегле, а еве што виделе
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Се стресе цела Далмација

ЖИТЕЛИТЕ НА САНТОРИНИ НЕМААТ МИР: Силен земјотрес го стресе островот

(ВИДЕО) АЛБАНИЈА: Чешки научници го открија најголемото подземно термално езеро во светот
