Утре најава за прекин во водоснабдување во Припор 1
Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2019
ЈП Водовод и канализација информира дека утре (петок) ќе има прекин на водоснабдување во населеното место Припор 1 во период од 08:00 до 17:00 часот поради замена на два затварачи Ø150 во резервоар Припор 1, чистење и дезинфекција на коморите на резерварот Припор 1 и поради замена на вентил од 2 ʺ на потисен цевковод од пумпена станица Припор до резервоар Припор 1 .