УТРЕ НОВА СРЕДБА ЗАЕВ - ГАШИ: На кои министерски места атакува Алтернатива
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021
Утре попладне ќе се одржи нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, објави телевизија 24.
На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернатива инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.
Како што веќе објави ТВ24, Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ.
Според неофицијалните информации, министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство и образование.
Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло да ги продолжи преговорите со Заев.