УТРЕ ПРИСТИГНУВААТ УШТЕ ТРОЈЦА ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ ПАТНИЦИ НА КОБНИОТ ПАТ: Им се пружа и психолошка помош
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021
Откако во земјава пристигнаа двајца од повредените седум лица, патници на кобниот автобус на Беса транс, останатите пет се во добра состојба и заздравуваат на кЛиниката Пирогов во Софија. Тројца најверојатно утрре ќе бидат транспортирани во змејава со техничките капацитети на домашното здравство, а во бугарската метропола ќе останат уште двајца.
Oд преживеаните една, пациентка е на неврохирургија и се опоравува од неколкуте операции, од кои една е на рбетот, а друга на потколеницита. Хоспитализираните во земјава ќе добиваат и помош од психијатар за полесно да го поминат стресот и шокот кој го преживеале.
Вчера министерот за здравство, Венко Филипче од пред Ургентниот центар, каде пристигнаа двете возила на Итната медицинска помош со повредените во несреќата во Бугарија, информираше дека во Македонија се донесени пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст.
Во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни, тие се со полесни повреди, и се задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент. Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето - истакна министерот Венко Филипче.