УТРИНСКИ ФОКУС: Има ли шанси минималната плата да биде 16.000 денари
Објавено во: Економија 16 Септември, 2019
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
Повисока минимална плата - победници и поразени
Можно ли е да биде 16.000 денари како што бараат синдикалците или минималната плата ќе се зголеми најмногу до 14.000 денари ќе стане јасно до крајот на октомври до кога се очекува да бидат завршени преговорите. Иако работодавачите не се расположени за зголемување на минималната плата, тоа сепак ќе се случи затоа што тоа е барање на Владата.
*
Чувствуваат ли граѓаните дека невработеноста се „топи“Повторно се намали невработеноста во Македонија, покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика месецов.
Се работи за нијанса во однос на претходниот квартал. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, имало 168.180 лица кои се невработени.
*
ДОМИНИРААТ ДАМИ: Ова е екипата со која ќе работи новата министерка за финансии Ангеловска
*Новата министерка ја скрои екипата со која ќе работи.
*
Виктор Димовски прв владин директор со коефициент 4 и со поголема основна плата од Рашковски, Лукаревска, Китанов...Виктор Димовски, првиот човек на Агенција за национална безбедност, која започна со работа на почетокот на септември и се формираше на местото на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, е наедно и првиот директор именуван од Владата кој достигна основна плата со коефициент 4.
*
„Тиквеш“ од продажба на вина и ракија ќе направи 28,8 милиони евра!Менаџментот на најголемата македонска винарија „Тиквеш“ ги објави податоците од својот бизнис план од кој се заклучува амбицијата на компанијата да ги зголемува приходите од продажба и добивката од работењето. Според планот годинава се очекува продажбата да достигне 28,8 милиони евра и во споредба со лани да биде поголема за 3 милиони евра што е раст над 10 отсто. Станува збор за проектирана продажба на 13 милиони литри алкохол.