28 Март, 2024
0.0274

УТРИНСКИ ФОКУС: Како 70 милиони евра за 9 години легнаа на конто на Жан Митрев Клиник од ФЗОМ

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

*Зошто има рекорден број на жалби на загубени тендери во Македонија?

Во 2018 имало рекорден број од 737 жалби на економски оператори кои загубиле од своите конкуренти во огласите за јавни набавки што ги распишале јавните органи на власт. Бројката е убедливо највисока во последните неколку години, а од Комисијата за жалби при јавни набавки велат дека тоа се должи на зголемената доверба, односно дека фирмите повеќе не се плашат да се пожалат како порано. 

*ПОРАЗИТЕЛНО: Во Македонија голем број магистри и доктори на науки се без работа

Овие податоци се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување. 14 мажи и 10 жени доктори  на науки се евидентирани како невработени, а 308 мажи и 459 жени магистри исто така се со статус невработени.

Ова покажува дека патот до вработување не е лесен, дури и за луѓето кои вложиле во своето образование.

*За девет години 70 милиони евра од ФЗОМ завршиле во Жан Митрев Клиник, сумите допрва ќе растат

 Фактор ги има сумите кои од ФЗОМ завршувале во приватните клиники по години. Конкретно за Жан Митрев Клиник сумата годинава е за 120 милиони денари (два милиони евра) поголема од таа која била префрлена лани или во 2018 година. Ако одобрените буџети се споредуваат со Клиничката болница Аџибадем Систина, на пример, која е и доста поголема, разликата за овие девет години е дури 20 милиони евра, во корист на Жан Митрев Клиник, иако и двете болници вршеле слични услуги цело време.

*ЗЕМА ПЛАТА НАД 1000 ЕВРА: Колку е богат Јахи Јахија кој доби притвор ?

Државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија заврши во 30 дневен притвор откако е осомничен за примање на поткуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.

Според податоците на сајтот на МИОА Јахија на функцијата доаѓа во 2011 година. 

Таму нето платата која ја добива изнесува 62.452,00 денари или над 1000 евра.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија