УТРИНСКИ ФОКУС: Како добивката на „Европа“ порасна за 111,5%, Заев и Мицкоски ќе ги кршат копјата вечерва
Објавено во: Економија 26 Март, 2019
*Ако во јануари властите успеаја да потрошат 1,1 отсто од предвидените пари, до крај на вториот месец процентот пораснал само до 3,53 проценти.
Има ли спас за капиталните инвестиции, катастрофа и во вториот месец.
По оданочувањето, чистата добивка на компанијата била 110 милиони денари, што е за 60 милиони повеќе од 2017-та.
*Двајцата опоненти и лидери на двете најголеми партии во државата Заев и Мицкоски ќе се соочат вечерва на ТВ дуел.Според очекувањата најполемизирани теми е извесно дека ќе бидат судбината на СЈО, Преспанскиот договор, осудените од „27 април“, економските политики, доделувањето на датум за преговори со ЕУ, партиските вработувања, претседателските избори ...
Мицкоски и The Hateful eight - Ќе се спречи ли Законот за СЈО без ВМРО?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ имаа средба во Собранието. Озлогласената осумка по која се фрлаше дрва и камења дека е прддавничка затоа што гласаше за уставните измени и со тоа го овозможи спроведувањето на промената на името во Република Северна Македонија сега ќе треба да донесе уште една важна одлука. На кој начин ќе учествува во евентуалното гласање за новиот Закон за јавното обвинителство во кое се состои и "лекот" за СЈО.
*МАКЕДОНСКИТЕ УЧИЛИШТА СЕ ПРАЗНАТ: Децата се отпишуваат и со родителите заминуваат во странство ...