УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе го издржат ли фирмите товарот-Од декември зголемен минималецот
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019
Вести во фокусот на Фактор ова утро...
*
МИНИМАЛЕЦ ОД 14.500 ДЕНАРИ - посреќни работници, скептични газди - треба ли уште еднаш да се „премери“Владата, синдикатите, стопанските комори и работодавачите пружија рака за зголемување на минималната плата. Но дали фирмите ќе можат да го издржат поголемиот финансиски товар, ќе мора ли некои да стават клуч на врата?
*
За прв пат во историјата девизните резерви надминаа 3 милијарди евраТочно 3 милијарди и 127 милиони евра изнесуваат на крајот на септември девизните резерви кои ги има Македoнија, а кои ги чува и ги оплодува Народната банка. Според податоците од централната банка рекордот и бариерата никогаш не достасана досега е надмината прв пат во август.
*
Идните пензионери имаат една милијарда евра во двата задолжителни пензиски фондаВо македонски акции двата фонда имаат вкупно 33 милиони евра, а во странски инвестициски фондови и во странски акции повеќе од 280 милиони евра. Нашиот пазар од април почна со работа и трет задолжителен отворен фонд сопственост на словенечката компанија „Триглав“ кој за три месеци собра 2,37 милиони евра.
*
Македонско село со само двајца жители има 20.000 книгиНа oколината на Демир Хисар, се наоѓа селото Бабино каде има само двајца постојани жители и повеќе од 20.000 книги, во библиотеката „Ал Би“, сопственост на Стево Степановски.
МАЛА „ПАНИКА“ - Француската блокада и европската колебливост го „урнаа“ берзанскиот индексФранцуската блокада и бескрајнта неизвесност дали земјава ќе добие датум за преговори за членство во Европската унија, го „урна“ македонскиот берзански индекс, МБИ 10.
Анализата читајте ја тука.