29 Март, 2024
0.0297

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе продава ли стечаен судија 8.500 квадрати на улица „Македонија“

Објавено во: Економија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

За две години пензиите ќе трошат 100 милиони евра повеќе, буџетот се цеди

Државата ќе има до 2021 година нови над 11.000 пензионери а ПИОМ ќе исплаќа за пензии вкупна сума која е за шест милијарди денари или за безмалку 100 милиони евра поголема од сумата која за таа намена ќе се издвои годинава. Ова е дел од стратешкиот план на ПИОМ кој се однесува за оваа и за следните две години.

*

На кој трговски гигант му се спрема стечај

Оди ли во заборав трговскиот гигант „Технометал Вардар“ , компанија што своевремено го остваруваше целиот македонски извоз е доведена на дереџе Одборот на директори да достави до судот барање за отварање предстечајна постапка. Дали „Технометал Вардар“ уште ги има 8.500 квадратни метри деловен простор на улица „Македонија“? И дали таа квадратура ќе ја продаваат банките или стечајниот судија?

Дали регионалните разлики ги „јадат“ ефектите на минималната плата

Во последно време помеѓу стручната јавност, но и меѓу креаторите на економските политики повторно се интензивираа дебатите околу ефектите кои ги продуцира минималната плата, што воедно е повзрано со најновите најави за нејзино повторно зголемување

*

Вардар и Шкендија во „минус“ и со парите од УЕФА

 Вардар за минатата година прикажал загуба од 136 милиони денари, додека Шкендија бележи минус од 22 милиони денари. Претходно добивките на скопскиот и тетовскиот клуб беа плус 72 милиони, односно позитива од 27 милиони денари за Шкендија.

*

Страшен феномен го „јаде“ Преспанското Езеро

„Немаме дождови, немаме снег во зима, сушите, климатските промени си го прават своето. Во 2020 година планираме да организираме меѓународна конференција за езерото. Мораме сериозно да размислуваме на оваа тема, затоа што колку ќе е позелена земјата, толку ќе е подобро за нас, а колку ја оставаме земјата гола, ќе биде лошо за нас“, вели Ајман Ал Малла од секторот за животна средина во Општина Ресен.

*

Топлификација прашува кој досега манипулирал со ефикасноста на котлите за парно

Акционери на Топлификација, друштвото кое пред БЕГ беше носител на лиценцата за производство и дистрибуција на топлинска енергија реагираат на тврдењата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) според кој ефикасноста на котлите на БЕГ е 36 проценти. Тие се прашуваат зошто до сега не е кажан овој процент кога во извештаите на РКЕ за претходни години стои дека ефикасноста во проценти е далеку повисока. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат