УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе се става потпис за договор со „Визер“
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019
Трета среќа по два неуспешни обиди за договор со авикомпанијата за евтини летови Визер.
Денеска конечно ќе се стави потписот на договорот за финансиска поддршка на евтини авиолинии.
Согласно тој договор Владата на авиокомпанијата ќе и исплати пет милиони евра, а субвенционираните летови ќе почнат од март годинава.
Собранието ќе заседава по иницијативата за распишување на нов референдум која ја поднесе Тодор Петров.
По ова прашање ќе заседаваат двете надлежни комисии, комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно-правната комисија.
Ќе има ли нов референдум за „Република Северна Македонија“?
Денес се празнуваат три празници : Oбрезание Христово, Нова Година, Свети Василиј Велики. По тој повод Литургија на Свети Василиј Велики и молебен по повод Новото лето Господово 2018. Архиепископот охридски македонски г.г. Стефан ќе богослужи во црквата „Св. пророк Илија“ во населбата Аеродром.